(ВИДЕО) Шекеринска во Петровец: Заедно со граѓаните креираме политики!

Од:

„Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера беше помеѓу жителите на Петровец.

Се разговараше за проблемите што ги тиштат, за големата безработица, за егзодусот на младите, за лошото владеење на власта и лошата прераспределба на државни земјоделски земјишта и доделување на субвенции на луѓе блиски до власта. Во 21 век овие луѓе немаат пат до своите ниви“, се вели во соопштението на СДСМ.

-10 години не лажат. Секој ден најавуваат нови вработувања. Каде се тие вработувања? Од толку најави требаше веќе да увезуваме работници.

Досега власта не казнуваше нас. Сега народот ќе ја казни оваа расипничка власт, велат револтирано жителите, соопштуваат од СДСМ.

Sekerinska7

Клучниот проблем во Македонија е нееднаквоста која продира во сите области, возврати Шекернска додавајќи дека СДСМ знае како да ги промени работите.

Sekerinska1

-Над 600 илјади граѓани се иселени од Македонија, пред се млади. Затоа, заедно со младите, заедно со граѓаните, креиравме политики коишто ќе обезбедат иднина за младите дома. Секој млад човек ќе добие фер и рамноправна шанса, рече Шекеринска.

„Вистината победи, ќе победи и правдата, порача Шекеринска и додаде дека само на слободни и фер избори ќе изгуби оваа криминална власт.

Sekerinska2

За да се одржат фер и демократски избори, мора да се прочисти Избирачкиот список и медиумите да се ослободат, да почнат да ја говорат вистината“, вели Шекеринска.

Sekerinska6

„И додека над 180 илјади граѓани живеат се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Sekerinska3

Со вашата поддршка, заедно, ќе ја направиме Македонија подобро место за сите нас. Нашата цел е Македонија да дише и живее слбодно“, заклучи Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел