Кожув загуби од Сигал Приштина во БИБЛ лигата

Од:

Екипата на Кожув претрпе пораз на првиот дуел од втората фаза од БИБЛ лигата. Вечерва во Гевгелија триумфираше првакот на ова натпреварување Сигал Приштина со 87:75. Резултат по четвртини: 25:16; 19:13; 12:34 и 19:24.

Првото полувреме не навестуваше пораз на тимот од Гевгелија бидејќи македонскиот претставник водеше со 44:29. Но, лошиот трет период кој гостите го добија со 34:12 им овозможи да стигнат до триумф. Најефикасен на дуелот беше играчот на Кожув Рајан Вајт со 21 поен, додека кај Сигал Приштина по 20 постигнаа Дардан Бериша и Мохамед Абукар.

Во рамките на групата Д вчера Левски го победи тимот на Пеќ на гости со 85:79, па така Левски и Сигал Приштина имаат по една победа, а Кожув и Пеќ по еден пораз.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос