СДСМ: Груевски не одговори за милионските трансфери на провладините медиуми

Од:

Никола Груевски денеска требаше да одговори за милионските трансфери што ги правела Владата, тешки 13 милиони евра, за Сител, Канал 5 и Алфа, за само три години, велат од СДСМ.

„Никола Груевски денеска требаше да одговори што платил на Сител, Алфа и Канал 5 со над 2,6 милиони евра, на ден по трагичниот инцидент во Куманово, кога загинаа полицајци а стотина луѓе останаа без домови? Денеска Никола Груевски требаше да одговори дали на Кочан, од фамилијата сопственик на фирмата „Трансмет“, или како што самиот Груевски го нарекува „оној што вози Сеат Ибица“ ги скроил сите тендери и плаќања од Платежната агенција во износ од над 700 илјади евра? Со бегањето од овие одговори Никола Груевски го потврди она што јавноста многу добро го знае“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел