ВИДЕО: Опозицијата со 984 амандмани против новиот универзитет „Дамјан Груев“

Од:

Опозицијата поднесува 984 амандмани против како што велат хаосот кој го создава ВМРО-ДПМНЕ во образованието со одлуката за формирање на нов универзитет “Дамјан Груев“. Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, опозицијата нема да дозволи нови факултети чија единствена цел е вдомување партиски јуришници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зошто не е поднесен до пратеницте елаборат за факултетот? Каде е одлуката на одборот за акредитација? Зошто се држи во тајност составот на одборот за акредитации?

Владата треба да знае дека елеборатот и потребната документација за формирање на нов универзитет треба да им бидат дадени на пратениците во соодветните рокови. Катастрофално е дека стручни мислења од други факултети се доставени а пратениците ги немаат. СДСМ нема да дозовли нови факултети чија единстваена цел е двомување на партиски јуришници на ВМРО-ДПМНЕ, рече Сугарески.

Тој кажа дека кршејќи го деловникот, кои сами го донесоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја ограничат дебатата на поднесувачите на амандмани односно опозицијата.

-За што да се договараме за Деловникот кои сами го донесоа, не го почитуваат, сакаат со насилие да ја скратат дискусија, и ние сакаме да го спречиме тоа, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар