(ВИДЕО) Заев во Штип: Ќе има фер избори на кои ќе победи СДСМ

Од:

„Овде ништо немаме, водата што ја пиеме е загадена, нема пат, кал по цело село, заборавени сме. Вие ни носите надеж дека работите ќе се променат, за сите. Со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го пречекаа жителите на Караорман, штипско.

Се жалат на сиромаштијата и тешкиот живот, на нерешените основни проблеми“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ние нема парите да ги трошиме за споменици туку за решавање на проблемите на граѓаните. Расипничката власт во заминување потроши 623 милиони евра а со само 2,5 милиони евра се решаваат сите проблеми во вашето населено место, пат, водовод, канализација, се’, нормални услови за живот“ рече претседателот Заев.

Средбите со граѓаните претседателот Заев ги продолжи во Штип, каде го пречекаа граѓаните.

Zaev6

„Повеќе од 5 милијарди евра, народни пари, се украдени од граѓаните на Македонија. Финансиски е уништена. Мора да се одговара за криминалот и парите да се вратат назад, кон граѓаните“ рече Заев.

Штипјани заинтересирани како СДСМ ќе ја гради Македонија по промените коишто сите ги очекуваат.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред штипјани рече дека погрешните приоритети во изминатите години, алчноста на фамилијата на власт за богатство, уништи многу работни места.

„623 милиони евра се потрошени за споменици. Со овие пари можеа да се направат 123 фабрики и во секоја фабрика да се отворат по илјада нови работни места. Тоа се 123 илјади нови работни места“ рече Заев.

Заев рече дека во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори на коишто ќе победи СДСМ.

„Избори ќе има откако ќе се исполнат клучните услови. А на слободни, фер и демократски избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе дојдат промените. Ќе истраеме до крај во оваа борба. Целта ни е искрена и исконска, се вика Република Македонија. Нашата таковина да тргне напред.“ рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел