Наумов ќе поднесе жалба за одржувањето на денешната аукција

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов најави дека ќе поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата на 02.02.2016 година, поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.

Како што информира преку соопштение, во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот (Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14:00 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот (Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден , преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници.

Во соопштението Наумов потеницра дека минситерот за финансии го дефинирал проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана за денеска на 29 јануари 2016, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра