Димовски: СДСМ го кочи прочистувањето на Избирачкиот список

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика СДСМ уште денеска да ја прифати Методологијата за прочистување на избирачкиот список подготвена од страна Државната изборна комисија (ДИК).

– Го повикуваме СДСМ уште денеска да престане да го кочи прочистувањето на избирачкиот список. Помина уште еден ден во кој СДСМ не превзема никакви активности за да се прочисти тој избирачки список, изјави Илија Димовски.

ДИК минатата недела усвои Методологија за прочистување на избирачкиот список и за неа гласаа членовите на ДИК. – За сите политички партии оваа Методологија и суштински и формално е прифатлива, но СДСМ упорно ја кочи иплементацијата на оваа Методологија со недавање на свое позитивно мислење, рече Димовски.

Според него, стратегијата е јасна. – Предизвикуваат проблеми и хаос секаде каде што можат и секаде каде што нема. СДСМ не сака да се прочисти избирачкиот список, туку сака да продолжи политичката криза и агонија во Република Македонија, посочи Димовски.

Во контекст на улогата, правата и обврските на медиумите и политичките партии, додаде тој, тие веќе се прецизно регулирани со новиот Изборен закон. Го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш побара од опозициската партија да изберат држава членка на Европската унија од која сакаат да го преземат Законот за медиуми и да се имплементира во Македонија, без никакви промени или интервенции. Ги обвини за кочење на процесите.

Димовски потсети дека СДСМ го потпиша договорот од јуни и јули во кој прецизно беше утврден датумот за избори на 24 април 2016 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите