(ВИДЕО) Јанева законски може да ги разреши обвинителките, нејасна е постапката

Од:

Катица Јанева пред Комисијата на Советот на јавни обвинители, специјално формирана да го испита случајот со разрешувањето на двете обвинителки од СЈО, изјавила дека нема забелешки на работата на двете обвинителки, а причината за разрешувањето е што во нејзиниот тим се доволни десет обвинители.

– Законот за СЈО, му ја дава таа надлежност на специјалниот јавен обвинител, но во овој закон не е предвидена постапка, што во ваков случај, рече Сашо Василевски, претседател на Комисијата на Советот на јавни обвинители.

Комисијата денеска ја сослушала изјавата на Јанева и откако добила писмени изјави од двете разрешени обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓоргева, направила записник и изјавите ќе му ги предаде на Советот, кој понатаму треба да донесе заклучок за случајот.

– Комисијата ги зеде изјавите од двете страни и ќе ги предложи на Советот на првата наредна седница. Комисијата ја нема надлежноста да утврдува и презентира заклучоци, одлуката ќе ја донесе Советот. Интересен момент е делот околу правната судбина на двете колешки, според мое лично мислење, под итно е потребна амандманска интервенција во законот за СЈО, за во иднина да не се доведеме во ситуација, ние како Совет, медиумите и јавноста, од различни медиуми да добиваат различни толкувања како Советот на јавни обвинители ја опструира работата на СЈО, ја опструира работата на Катица Јанева, итн. Лично сум убеден дека доколку не се случат амандмански интервенции ќе се соочуваме со правни нелогичности, рече Сашо Василевски.

Според него, законот не предвидува што да се прави во случаи на разрешување, немало двостепеност во постапката.

Тој рече дека фамата се создавала заради недостатоци во Законот. Василевски не сакаше да каже што се може да одлучи Советот на обвинители и рече дека разрешените обвинителки се уште се водат дека работат во СЈО.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски