ВИДЕО: Дипломатите на улица, им пукна филмот од партизирањето на МНР

Од:

Дипломатите со предупредувачки штрајк пред МНР го кренаа гласот против непрофесионализмот и партизацијата на македонската дипломатија. Според нив министерството е целосно деградирано со партиски интервенции, катастрофална кадровска политика на амбасадорско ниво како и аматеризам во самото министерство.

Од синдикатот на македонската дипломатска служба посочија дека раководството на МНР сиве години нема никаков слух за нивните барања, а единствено се грижеле каде да постават партиски кадри и како да се отарасат од „комуњарите“ во министерството.

-На почетокот од мандатите на актуелната власт беше забележливо што да прават со ова стариве а богами и комуњарски кадри. Сепак имаше напори овие кадри да бидат искористени или барем да биде консумирано нивното знаење и вештини. Наредната фаза беше посурова. Барање каков и да е начин да се ослободат од тие кадри. За таа цела беше употребена и специјална методологија. Почнаа да се носат законски измени со протерување на дневна основа. Хаосот беше повеќе од нормален резултат, но тоа највероватно им откри нова перспектива. Хаосот и безаконието овозможуваат дипломатско конзуларната мрежа да се употребува и на такви начини што се граничи со злоупотреба и никој да не поднесе никаква одговорност и тоа е третата и актуелна фаза, фаза на казнивост.

Претседателот на синдикатот на македонската дипломатска служба, Сашко Тодоровски кажа дека деградацијата оди до таму што економските промотори имаат поголеми привилегии од дипломатските претставници. Тодоровски кажа дека за економските промотори е неограничена сумата што ја плаќаат за сместување додека за дипломатските претставници таа е недоволна и единствено останува да купат шатор од ГТЦ.

-Само како пример една од промените усвоена со законот за измени и дополнување на законот за надворешни работи и тоа во очи на минатиов католички божиќ е таа за лимитот на станарините на економските промотори. Навидум банално ама владата упатува писмо до МНР во кое вели дека економските промотори не можат да се справат со висината на надоместокот за изнајмување на стан согласно нивните реални потреби. Реакцијата на МНР- Министерството одговори позитивно на барањето на Владата и предложи соодветни законски измени но не се погрижи за сите и дипломати и недипломати испратени на служба во странство наместо тоа со новите законски одредби тие економски промотори имаат неограничен лимит односно лимит што нивната институција ќе им ја определи. Значи што станува со македонските професионални дипломати? За нив јас имам една препорака имено има одлични нови шатори во ГТЦ, а има и поволни до душа и одлични приколки. Ова значи дека Македонија има своја посебна политичка мрежа на претставници во странство врз кои дипломатијата нема никакви ингеренции ниту контрола ниту било што друго. Дозволете ми во оваа прилика да изразам сопствено мислење, рече Сашко Тодоровски.

Тие со цел да се професионализира дипломатската служба бараа да се стави во мирување законот за надворешни работи од 2008 година и да се врати во сила оригиналниот текст на законот од 2006. Тие бараат да биде повлечен и законот за административни службеници и законот за вработување во јавниот сектор од 2014 година со цел да се избегне целосната зависност од актуелниот министер од кои за сите барања постојано добиваат само молк.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија