МЗТ Скопје гостува кај Црвена звезда

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го очекува тешко гостување во Белград кај евролигашот Црвена звезда. Ова ќе биде натпревар со кој ќе биде комплетирано 22.коло во кошаркарската АБА лига.

На првиот меѓусебен дуел оваа сезона одигран во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, на почетокот на октомври минатата година, белградската екипа со многу среќа дојде до победа со 71:66.

Во пресрет на овој меч МЗТ Скопје влегува со учинок од 9 победи и 12 порази, додека црвено-белите кои веќе го обезбедија своето учество во разигрувањето се на четвртото место со биланс 15-6.

На натпреварите од ова коло кои беа одиграни изминативе три дена, беа постигнати овие резултати:

Задар – Металац 88:72,
Крка – Игокеа 74:64,
Будуќност – Партизан 78:65,
Унион Олимпија – Тајфун 77:69,
Цибона – Сутјеска 93:76 и
Мега Лекс – Цедевита 100:93.

Табела: Будуќност 20-2 (победи-порази), Цедевита 16-6, Мега 15-7, Црвена звезда 15-6, Цибона 10-12, Задар 10-12, Олимпија 9-13, Игокеа 9-13, Партизан 9-13, Крка 9-13, МЗТ Скопје Аеродром 9-12, Металац 8-14, Сутјеска 7-15 и Тајфун 7-15.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос