Куманово му го нанесе 10. пораз на Работнички

Од:

Кошаркарите на Куманово забележаа победа над Работнички со 87:76 во првиот натпревар од 16.коло на Првата македонска лига.

По водството на домаќинот од 23:21 на крајот од првата четвртина, Куманово ги доби вториот и третиот период со 25:19, односно 22:15 и разликата од11 поени се покажа недостижна за поранешниот шампион.

Најефикасен во победничкиот состав беше Александар Костовски со 23 поени, додека кај Работнички се истакна повратникот во клубот Диме Тасовски со 27 поени.

Вечерва уште играат:

Фени Индустри – Кожув и
Карпош Соколи – Струмица.

Средбата Бест – МЗт Скопје Аеродром е закажана за 4 февруари.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 13-1 (победи-порази), Карпош Соколи 11-3, Куманово 10-5, Фени Индустри 8-6, Кожув 7-7, Работнички 5-10, Струмица 3-11 и Бест 0-14.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос