Прв Грен слем трофеј за Кербер

Од:

Германската тенисерка Анџелика Кербер го освои првиот Грен слем турнир, откако денеска во финалето на Австралија Опен ја совлада Американката Серена Вилијамс со 2-1.

Германката ги доби првиот и третиот сет со по 6:4, а вториот и припадна на првиот светски женски рекет со 6:3.

Финалето во Мелбурн заврши со 47 „винери“ за Вилијамс и 25 за Кербер, а односот на грешките е 46 за американската тенисерка наспроти 13 за победничката.

На тој начин Вилијамс остана на 21 трофеј од големите турнири и не успеа да го изедначи достигнувањето на Штефи Граф која има 22 Грен слем титули.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров