Мареј се избори за финале против Ѓоковиќ во Мелбурн

Од:

Британецот Енди Мареј успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен откако во полуфиналниот меч во пет сета го победи Милош Раониќ со 3:2 во сетови. Во недела во финалето што е реприза на ланското ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој вчера го совлада Рожер Федерер.

Мечот почна со водство на Раониќ, кој го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет Мареј успеа да изедначи добивајќи го сетот со 7:5 во гемови. Третиот сет во тај брек со 7:6 (7-4 на поени) го доби Раониќ, а Мареј изедначи откако го доби следниот сет со 6:4 во гемови. Во решавачкиот беше 6:2 за Мареј, а Раониќ по повеќе од четири часа го загуби мечот, а во последниот сет имаше и проблеми со повредата на препоната.

За Мареј ова ќе биде петто учество во финалето во Мелбурн, а претходните четири меча ги загуби.

Утре во женското финале ќе играат Серена Вилијамс и Анжелика Кербер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров