(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Од:

На истекот на крајниот рок за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето сакам да ја известам јавноста дека Анкетната комисија, заради бојкотот и блокадата од страна на ВМРО ДПМНЕ, не успеа да ја исполни својата функција. Тоа значи дека уште една точка од договорот во Пржино останува не исполнета, рече Петре Шилегов, пратеник и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето.

Дадовме пред десетина дена последна шанса или шанса доволно коректна на Никола Груевски и на Трајко Вељановски, да одржиме седница на која јавно ќе биде сослушан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, да даде исказ пред целокупната јавност. Истиот одбра наместо да се соочи со пратениците во Собранието на Република Македонија, да му ги постават прашањата коишто е заинтересирана целокупната јавност, на истиот ден да донесе одлука за незаконско распуштање на Собранието на Република Македонија.

Од овие причини, сметаме дека оваа точка од договорот од Прижино, нема да може да биде исполнета, бидејќи Анкетната комисија нема да може до крајот на јануари месец коишто е за еден работен ден од сега, да достави до Собранието Извештај за својата работа и всушност ја покажува немање на политичка волја од страна на ВМРО ДПМНЕ, да се имплементира договорот од Пржино.

Ќе бидеме денеска сведоци на една дрмолетка, започнување на работата на една контра-анкетна комисија која што ВМРО-ДПМНЕ, ја измисли со цел да направи обид во јавноста, да се издначи злосторникот и оној кои го соопшти злосторникот.

СДСМ своето мислење во однос на оваа контра-анкетна комисија веќе го има јавно соопштено и немаме намера да учествуваме во евтината драма и театар која што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја приложи во јавноста.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски