ПССЕ бара центри за регистрација на азилантите надвор од Европа

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го поддржа предлогот за создавање на центри надвор од територијата на Европа, каде ќе се разгледуваат барањата за азил и ќе се утврди на кои лица им е потребна меѓународна заштита, пред да им се дозволи заминат кон европските земји, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Идејата да се идентификуваат лицата кои имаат потреба од меѓународна заштита и да се организира надворешната обработка на барањата за азил во центри што ќе се наоѓаат надвор од Европа, заслужува да биде поддржана, во случај ако правата на бегалците и имигрантите се гарантирани, смета Паневропската асамблеја.

– Тоа, без сомнеж, ќе придонесе да се спасат животите на голем број број имигранти, кои се обидуваат да дојдат (до Европа) по морски пат, се вели во документот на ПССЕ.

Расправајќи на пленарната сесија во Стразбур, по извештајот на белгиската парламентарка Дафне Думери, ПССЕ исто така се заложи за воспоставување на единствен европски граничен систем, кој би имал поширок мандат од Агенцијата за управување со надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) и би му се овозможило организирање на операции за враќање на имигрантите и разбување на мрежите за илегално преминување на границите.

ПССЕ смета дека треба да продолжат поморските спасувачи операции и значајно да се зголеми помошта која им се пружа на Грција и Италија за изградба на објекти за сместување на бегалците, кои доаѓаат на нивна територија, како и да се воспостават „постојани механизми“ за нивна релокација во другите европски земји.

Собранието исто така повика и на создавање на централизиран регистер за воведување на единствен модел за регистрација и идентификација на починатите лица, со цел да се олесни потрагата по исчезнатите имигранти.

На подолгорочен план, ПССЕ смета дека земјите-членки на Советот на Европа треба да ги зајакнат патиштата за легална имиграција кон Европа и да направат напори „за надминување на длабоките причини за појава на бегалската криза“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on