Социјалната мрежа Twitter во наредните неколку месеци планира да претстави сет од фото филтри во стилот на Instagram, како директен одговор на купувањето на „хипстаграм“ од нивниот најголем конкурент – Facebook.
Иако Twitter не спомна ништо за ваквите планови, со оглед на тоа што нивната интеграција со Instagram е строго професионална и прилично цврста, најверојатно компанијата би сакала да има корисници кои ќе останат на нивната платформа и оттаму ќе споделува и „средува“ фотографии, отколку да има корисници кои ќе користат сервис кој е во сопственост на Facebook.