Норвешка е подготвена да ги разгледа барањата за азил на бегалците, кои Русија нема да ги прими

Од:

Норвешките власти се подготвени да ги разгледаат барањата за азил на мигрантите, кои во Норвешка влегле преку Русија, а кои руските власти ќе одбијат да ги примат на своја територија, изјави норвешкиот премиер Ерна Сулберг.

– Доколку руската страна не се согласи да ги прифати кандидатите за азил, кои во Норвешка дошле од Русија, нивните барања ќе бидат разгледани од Норвешка, рече премиерката.

Сулберг истакна дека властите повторно ќе го разгледаат прашањето за депортирање во Русија на сириски граѓани.

Службата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права вчера ги информира норвешките власти дека во јануари 2015 година од Русија во нивната родна земја биле испратени двајца сириски државјани и покрај војната.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ