Неисправна електрична инсталација е причина за опожарените возила во Штип

Од:

Неисправна електрична инсталација е причината за два одделни пожари во кои целосно изгореа два автомобила, а три беа делумно опожарени. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека по извршените разговори со сопствениците и сведоците за случаите во кои неколку возила целосно изгореа во штипските населби Автокоманда и Ново село е откриено дека станува збор за пожар предизвикан од неисправна електрична инсталација на возилата.

Според Панајотова не постојат основи за сомнение дека пожарот на две возила марка Ауди и Фолксваген се подметнати, односно дека истите настанале поради неисправна електрична инсталација, по што од пожарот се зафатени три возила кои биле во непосредна близина на опожарените.

На 20-ти јануари во раните утрински часови во штипската населба Ново село беа опожарени вкупно три возила. Пожарникарите интервенираа со цел да не дојде до ескплозија од плинската боца во багажниот простор на возилото Ауди. Чеитри дена подоцна односно на 24-ти јануари исто така во раните утрински часови две возила беа опожарени на паркинг просторот кај маркетот „Туш“, во населбата Автокоманда. Најпрвин се  запалил автомобил марка Фолксваген, сопственост на една од штипските такси компании. Огнот го зафатил и соседниот паркиран автомобил марка Форд.  Експресната интервенција на пожарникарите спречи огнот да се прошири и на останатите паркирани возило. Внатрешноста на Вентото беше целосно  изгорена,  додека пламените јазици делумно го уништиле соседниот автомобил.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски