А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НСДП: Груевски јавно потврдува дека нема да има натпревар на политички програми, туку само на клоци и насилие

by А1он25/01/2016 - 14:03339
Share0

„Поранешниот Премиер на Република Македонија, Никола Груевски на вчерашното појавување во јавноста и тоа на собир на жени, објави војна на се што е нормално во Македонија и на меѓународната заедница.

Добивај вести на вибер

Авторитарниот политички менталитет го претвори во македонски Дох Кихот кој влегува во војна со измислени непријатели и уривачи на системот, со едниствена цела да ја одложи својата политичка „смрт“ и да го избегне соочувањето со реалноста, односно со сопствената деструктивна улога во македонската политичка историја.

Како што Хитлер се однесуваше пред доаѓањето на власт во нацистичка Германија, кога манипулативно креираше свет создаден од мрачни сили кои сакаат да го поткопаат единството и историската мисија на германскиот народ, така и Груевски се однесува, со единствена разлика што тој сега е на залезот на својата политичка кариера.

Заканите пред престојните избори, добија нова димензија. Груевски јавно потврдува дека нема да има натпревар на политички програми и идеи, туку само на клоци и насилие. Повеќе не може да се зборува за било каква идеолошка профилираност на неговата партија, туку за милитантен политички субјект кој тој го втурна во една спирала од лаги, манипулации и бруталност. Тој вчера уште еднаш потврди дека договорот од Пржино е неговата ноќна мора надвисната на неговата политичката судбина, па затоа е подготвен со сите сили на го потткопува, попречува и избегнува неговото  спроведување.

Ако си дава за право така агресивно и примитивно да се однесува на собир на жени, може само да замислиме како ќе се однесува, ако не дај боже, победи на следните избори. Поради тоа, добивме уште една голема причина за поголема сплотеност и организираност на македонската опозиција, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и интелектуалците, во борбата бесрамникот Никола Груевски дефинитивно да се испрати на буништето на историјата и тоа зло никогаш повеќе да не се повтори во Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

 

gruevskinsdp

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

Горан Наумовски24/06/2025 - 08:26

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Горан Наумовски19/05/2025 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен