Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Годишната конференција на Унија на жени на партијата, претставувајќи се дека зад него стои целиот народ „удри“ жестоко по странците и опозицијата. Според него, политичката криза ќе заврши со предвремени избори во април, а народот кој во говорот го бранеше од непријателите ќе ја освоел повторно власта.
– Сега на 24 април доаѓа казната од народот, доаѓаат неговите пет минути, тоа е ден кога овој народ, на Македонија, на сите ќе им покажае чија е оваа држава. Во април народот ќе ја врати делумно одземената власт, и на клоци ќе ги избрка вештачки насадените функционери. Притоа ќе испрати четири пораки.
– Ова е негова и само негова земја, и само тој народ одлучува за нејзината иднина и водачи и никој друг не може со валкана игра да му го одземе тоа суверено право. Ова ќе биде порака кон внатре и надвор од земјата.
Второ, ќе испрати порака до сите политичари дека со валкана игра не се освојува довербата на народот, туку со работа и резултати, искрен пристап, со реформи, дела и проекти. Мислам дека после тоа, после оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, рече Груевски.
Третата порака ќе биде дека не може криминалец да дојде на власт, колку сака нека е богат, колку сакаат да го подготвуваат од надвор, човек кој секој ден ги менува своите ставови, не може таков човек да биде премиер.
Четвртата порака која ќе произлезе од следните избори предизвикана од политичката криза и оние кои и помагаа, е не дека само народот е господар на својата територија, туку дека е мудар народ ,а не глупав како што некој мисли, дека е попаметен од многу служби и нивните црпнати експоненти, рече Груевски.
Не може опоицијата да ги има во свои раце кои по закон се единствени кои ги организираат изборите, тоа се МВР и ДИК, и притоа да го прави народт будала дека не може да се органзиираат фер избори а тие ги држат овие институции, рече Груевски.
Цела година СДСМ соработуваше со ѓаволот, сега ѓаволот си доаѓа по своето.
Погледнете ја СДСМ, од некогаш победничка партија сега е партија на уплашено раководство, на лидер кој вика кога дава изјава, кој се плаши да се соочи со неговиот народ да излезе на избори. Искрено и јас би се плашел на негово место, рече Груевски.