„Илинден“ додели благодарници за заслуги за зачувување на македонскиот идентитет

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, по повод седумгодишнината од  формирањето, додели благодарници на поединци и здружение за нивниот придонес за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

– Одлучивме блгодарници да доделиме на поединци и на едно здружение за нивниот научен и стручен ангажман и перманентните активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Тие покажаа особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на македонското друштво „Илинден“, изјави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Добитниците на благдарници се Вело Цфарку, проф. д-р Илинден Спасе, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, проф. д-р Васил Дрвошанов, Фатри Фетаху, Арманд Мија и здружението „Илинденски Марш – Христо Узунов“ од  Охрид.
Mакедонско друштво „Илинден“ е формирано на шести февруари  2009 година. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Има добра соработка со многу македонски асоцијации на Блакнот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза