Дерби натпреварот од последното 14 коло од првиот круг во Првата македонска кошаркарска лига одигран вчеравечер во Гевгелија му припадна на гостинот Куманово кој со 80:73 беше подобар од Кожув.
Со оваа победа кумановчини ја обезбедија третата позиција на табелата и му се реваншираа на Кожув за поразот пред домашната публика во 7. коло.
На дуелот во Кавадарци, фаворитот Фени Индустрија совлада Струмица со 84:66.
Последните два натпревара од овој круг се на 26 јануари кога играат Работнички – Карпош Соколи,односно ден подоцна за кое закажан дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Бест.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 25 бодови, Карпош Соколи 23, Куманово 23, Фени Индустри 22, Кожув 21, Работнички 18, Струмица 17, и Бест 13.