МЗТ подобар од Крка за деветта победа во АБА лигата

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја победи Крка со 69:67. Клучна за победата на МЗТ беша последната четвртина која ја решија во своја полза со 15:8.

За аеродромци ова беше деветта победа оваа сезона наспроти 12 порази во регионалната балканска АБА лига по што се зацврсти во средината на табелата.

Најефикасни во победничкиот состав беа Ѓорѓе Дреновац со 23 и Марко Луковиќ со 13 поени.

Вчера се одигра првиот дуел од 21.коло на кој Будуќност славеше гостинска победа против Металац со 67:61.

Од 19 часот вечерва играат Олимпија – Задар.

Три натпревари се закажани за утре: Игокеа – Цибона, Сутјеска – Мега Лекс и Цедевита – Тајфун.

Колото в понеделник ќе го комплетираат со својот дуел вечните ривали Партизан и Црвена звезда.

На табелата води Будуќност со 40 бодови, пред Црвена звезда и Цедевита со по 35, Мега Лекс има 33,…

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос