Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска за дипломатскиот кор организира презентација на природните и туристичките карактеристики на Националниот парк Пелистер.
Претпладнето градоначалникот на општина Битола Владимир Талески ќе ги презентира инвестициските можности на Општината.
Вчера, во Битола претседателот Иванов приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
Дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, се одржува надвор од главниот град.
Изминатите години дипломатскиот прием беше приреден и во Крушево, Гевгелија, како и во Берово.