Последно коло во македонската кошаркарска Прва лига

Од:

Викендов стартува последното 14 коло од првиот круг натпревари во Првата македонска кошаркарска лига. Во дербито на колото во битката за третата позиција на табелата Кожув е домаќин на вицешампионот Куманово.

Кошаркарите на Куманово посакуваат реванш за неочекуваниот пораз од Кожув пред домашната публика во 7 коло. На победа се надеваат и домаќините кои со поддршка од трибините ќе атакуваат на осмата победа сезонава со која би се израмниле со тимот на Куманово според бројот на победи. Дербито во Гевгелија се вечер од 19 часот.

Еден час порано (18 часот) ќе стартува дуелот во Кавадарци меѓу фаворитот Фени Индустри и Струмица.

Во улога на асполутни фаворити за победа во 14.рунда ќе бидат и кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во дуелот на домашен терен против последнопласираниот Бест закажан за 27 јануари.

Второто дерби на колото, барем според резултатите во претходните сезони е во Скопје на 26 јануари. Работнички во „Градскиот парк“ го пречекува Карпош Соколи. Гостите по поразот во средата од МЗТ ќесе обидат да се рехабилитираат против трофејниот Работнички.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 25 бодови, Карпош Соколи 23, Куманово 21, Фени Индустри 20, Кожув 20, Работнички 18, Струмица 16 ни Бест 13.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос