Со натпреварот што ќе се одигра вечерва од 20 часот во Ваљево, во кој екипата на Металац ќе биде домаќин на лидерот Будуќност, ќе започне 21. коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Утре на програмата се два меча. Во првиот, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази и тоа во дуелот против Крка, во натпревар што ќе го игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот. Во вториот меч утре ќе играат Унион Олимпија и Задар.
За в недела закажани се натпреварите, Игокеа – Цибона, Сутјеска – Мега Лекс и Цедевита – Тајфун, додека колото ќе биде комплетирано в понеделник со белградското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Табела:
Будуќност 18-2 (победи-порази),
Црвена Звезда 15-5,
Цедевита 15-5,
Мега 13-7,
Цибона 9-11,
Задар 9-11,
МЗТ Скопје Аеродром 8-12,
Игокеа 8-12,
Партизан 8-12,
Крка 8-12,
Металац 8-12,
У. Олимпија 7-13,
Сутјеска 7-13,
Тајфун 7-13.