(ВИДЕО) Трајанов: Ако се прочисти списокот ќе одиме на избори, ама не може да се прочисти

Од:

Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов се уште не знае дали ќе излезат на избори на 24 април, но е сигурен дека тактитката на СДСМ да ги бојкотира изборите, а сепак да остане во собранието е лоша тактика со која се залажувале граѓаните.

-Ние се подготвуваме за избори, се надеваме дека ќе се исполнат минимум условите за изборите, за тоа ќе одлучуваме тогаш кога ќе дојде 24 февруари, кога ќе се направи анализа дали ќе се излезе на избори или не, рече Трајанов.

Според него, битно е да се направи анализа дали договорот од Пржино се спроведува во неговата суштина, па затоа предложиле вондредна парламентарна седница на која треба да се анализираат условите на договорот од Пржино и доколку се процени дека договорот е спроведен во неговата суштина вклучително и реформи во областа на медиумите, како и прочистување на Избирачкиот список, тогаш, според него нема да има прчеки да се одржат изборите на 24 април.

-Длабоко сме уверени дека Избирачкиот список не може да се прочисти до 24 април, затоа што претходно тој треба да биде прочистен, а исто така не се познати реформите во медиумите и за тоа има најголеми несогласувања, вие сте сведоци дека во РМ имаме силна манипулативна медиумска кампања која е насочена кон дискредитирање на сите други освен на тие што се провладини партии и носители на високи функции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели Трајанов.

Тој вели дека според нивните анализи и проценки, можниот датум за избори е 5 јуни, но тоа не е сигурно, па затоа морало да има парламентарна расправа, а не одлука на четирите лидери на најголемите партии зад затворени врати.

– Ако не се создадат услови, нема да бидат признати изборите и повторно турбуленции во Македонија. Граѓаните се во неизвесност за иднината на државата, постои голема вознемиреност. Проценките се дека ЕУ сака да биде безбеден Балканот затоа што си ги штитат сопствените интереси. Очекуваме и ЕУ и САД, сите заедно да создадеме услови за фер и демократски избори, рече Трајанов.

Демократскиот сојуз уште предлага да се создаде работна група, од 7 члена, тројца опозиционери, тројца од власта и еден независен пратеник, кои ќе се информираат од релевантните институции за тоа дали има услови за избори или не.

Лидерот на ДС, Павле Трајанов кажа дека тие доставиле Иницијатива до Уставниот суд со цел да се оцени уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Според него, со оваа одлука се крши уставноста, односно одредбата од член 63, став 3 каде се наведува дека избори се спроведуваат 90 од распуштањето.

-Терминот „времена оставка“ не фигурира на ниту едно место. Уставот на Република Македонија не познава распуштање на Собранието со одложено дејствие, тоа го прави самиот акт противуставен, вели Трајанов.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски