Седниците на Советот на општина Струмица и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица

Од:

Општина Струмица од денеска ја зголеми транспарентноста и отчетноста кон своите граѓани, правејќи ги достапни седниците на Советот и за лицата со посебни потреби.

Покрај тоа што со новата сала им е овозможено на лицата со посебни потреби да присуствуваат на седниците на Советот, за првпат, денешната 35 – та седница на Советот се емитуваше и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица. Тоа значи дека почнувајќи од оваа седница, а преку ТВ каналот Вис, глувите и наглуви лица редовно ќе бидат информирани за работата на Советот на општина Струмица и за сите одлуки и решенија кои ќе ги носат неговите членови.

Емитувањето на седниците на Советот на знаковен јазик за глуви и наглуви лица го овозможи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој од секогаш давал безрезервна поддршка на лицата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски