ВМРО-ДПМНЕ: Kaj СДСМ не постои реална грижа за загадувањето на воздухот, ниту за здравјето на граѓаните

Од:

„Во неразумните логики на СДСМ не постои реална грижа ниту за загадувањето на воздухот, ниту за здравјето на граѓаните, ниту за преземањето конкретни чекори и мерки.

За СДСМ постои само можноста преку манипулирање и лаги да се обиде да приграби мизерни политички поени врз грбот на граѓаните, поигрувајќи се со нивното здравје.

СДСМ тоа го правеше и кога беше на власт. Одлучи да не го мери загадувањето на воздухот, за граѓаните да немаат претстава колкаво е загадувањето. Затоа не постојат параметри од загаденоста на воздухот во време на СДСМ.

СДСМ упорно одбива да соопшти зошто министрите за животна средина во владите на СДСМ се познати по преземените НУЛА проекти и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

За разлика од СДСМ, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на оваа проблематика, без оглед на тоа како ќе дувне ветерот во СДСМ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано истражува, анализира и презема конкретни мерки.

Меѓу последните конкретни мерки, Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и Австрија постави филтри на повеќе локации во Тетово и Скопје кои ќе стојат до крајот на февруари, по што ќе бидат испратени на хемиска анализа во овие земји.

Врз база на хемиски анализи во врвни лаборатории ќе се добијат најновите податоци за тоа кои се индикаторите на загадувањето на воздухот, со што ќе нема шпекулации околу загадувачите.

Претходно, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им препорача на сите правни субјекти во Градот Скопје и Општината Тетово да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ- на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција