СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници за да правда бизниси

Од:

„Никола Тодоров е соочен со кримнинална позадина на тендерите во здравството. Затоа на Тодоров му затребаа медицинските работници кои наводно ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните.

Ревизорот го разоткри Тодоров. Последниот Извештај на Ревизорот покажа дека:

-Набавена е медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите
-Власта доцни со плаќање на опремата за што граѓаните плаќаат и дебели камати
-За набавена милионска опрема нема просторни услови, ниту обучени кадри
-На опремата што стои неискористена во кутии и поминуваат гарантните рокови

Тодоров нема како да се оправда за потрошените милиони евра на граѓаните, па затоа лаже.

Тодоров лаже и дека лекарите и медицинските работници можеле да применуваат методи од странство.

Самите медицински работници признаваат дека е невозможно да применат успешни странски искуства во катастрофалните здравстени услови во Македонија.

Медицинските работници работат во крш простории со мувла и отворени прозорци.

Поради политиките на Тодоров:

-80 проценти од времето лекарите го поминуваат на компјутер и тастатура наместо со пациентот

-Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

-На дијабетичарите им се даваат инсулин од постари генерации и полуисправни апарати за мерење шекер

-За речиси 30 проценти, според Државниот завод за статистика се зголемени трошоците на здравствените услуги, што го побива тврдењето дека се намалени цените на лекарствата и услугите во Македонија

Тодоров ги изигра граѓаните дури и за нивните здравствени картички платени пред неколку години.
Во 2009 година им најави дека ќе бидат бесплатни. Во 2012 им зеде по 250 денари за картичка. Им ги извади од тендерските лавиринти, по 4 години, предизборно во 2016!

Виртуелните инвестиции на Тодоров и власта во здравството се реални инвестиции во џебовите фамилијата. Времето на Никола заврши“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ