Хјуит ја заврши кариерата на активен тенисер

Од:

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит со денешниот пораз во второто коло на Австралија Опен, ја заврши својата кариера како професионален играч.

Тој загуби од Шпанецот Давид Ферер со 3:0 во сетови (6:2; 6:4; 6:4). Хјуит, кој има 34 години, освои 30 титули во кариерата, а двапати беше победик и на Грен Слем турнири – 2001 година во Њујорк и 2002 година на Вимблдон. Тој што беше и на позицијата број 1 на АТП листата точно 80 недели.

– Им се заблагодарувам на фановите. Последната сезона беше фантастична, а навивачите ми даваа постојана поддршка. Среќен сум што тука ја завршувам кариерата, изјави Хјуит по мечот со Ферер.

Од другите фаворите покрај Ферер, пласман во третото коло изборија уште Енди Мареј и Стан Вавринка, додека кај жените триумфи забележаа Гарбине Мугуруза и Анжелика Кербер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров