УЈП: До 15 март е рокот за поднесување годишна даночна пријава

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 15 март 2016 е крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава за сите граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи по различни основи.

– Задолжително поднесете образец ПДД-ГДП, најдоцна до 15-ти март, ако мината година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата, пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од кирии (издавање имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација, информира УЈП.

Пријава треба да се поднесе и за приходи остварени преку интернет (е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари, како и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа