Откриена девета планета?

Од:

Научници од  Инситутот за технологија во Калифорнија објави денеска дека дошле до „добри податоци“ за постоење на девет планети на работ на Сончевиот систем.

Се верува дека тој гасов џин е голем скоро како Нептун и дека има орбита милијарда километри од патеката на Нептун, што значи, дека му треба 10.000 до 20.000 години да сврти околу Сонцето.

„Планета 9“ како што и дадоа име Мајк Браун и Константин Батигин од Институтот за технологија од Калифорнија, сепак се уште не е воочена. Научниците своите тврдења за постоењето на планетата ги темелат на математички и компјутерски модели и предвидуваат дека откритието со телескоп ќе следи во рок од пет години.

Браун и Батигин соопштија дека своето откритие го објавиле во списанието „Astronomical Journal“ затоа што сакаат и други со телескоп да ја бараат деветата планета на Сончевиот систем.

– Ние можевме да молчиме и можевме во следните пет години да го пребаруваме небото сами со надеж дека ќе ја најдеме. Но, повеќе сакам некој да ја најде пред, отколку јас подоцна, рече Браун.

Браун изјави дека нема да има дебата како за Плутон чиј статус на планета е укинат во 2006 година. Тој се смета за „убиец на Плутон“ затоа што помогна Плутон да се отстрани од списокот на планети и да се прогласи за планета-џуџе .

Браун и Батигин  своите тврдења ги засноваат на фактот дека во Кајперовиот појас, област зад Нептун во кое постојат многу ледени тела, постојат шест објекти кои делуват како да се под влијание на планетите.

– Тоа е предвидување, Ние го пронајдовме гравитациониот потпис Планета 9 која се крие на перифиеријата на Сончевиот систем, рече Батигин.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ