Катарскиот емир и шефот на една од најбогатите земји во светот повторно е заинтересиран за инвестирање во Хрватска, поточно во енергетиката.
Тој според хрватските медиуми во ЛНГ терминалот на Крка, сакал да вложи милијарда долари. Претседателот на Хрвтаска Иво Јосиповиќ и првиот потпретседател Радимир Чачиќ идната недела со група бизнисмени патуваат во Катар.
Се отвора и хрватска амбасада во Доха. Ова е прилика да се привлече странски капитал но и да се отворат вратите на хрватските бизнисмени во една од најбогатите арапски држави.
Нам ни е важно да донесеме нови работни места. Енергетиката е иднината и сосема сигурно Хрватска може да даде многу на ова поле, но секако треба да се има мудрост, енергија и визија“, рече Јосиповиќ.