Саентифик Америкен – Вашингтон
Фановите на вселенските летови ќе имаат многу космички акции кои ќе ги прават среќни во 2016 година. Додека годинава која штотуку започна се чини не ветува баш ништо спектакуларно или инспиративно, како што беше најзначајниот момент во 2015 – прелетувањето на вселеското летало Њу хорјазонс на НАСА во близина на Плутон на 14 јули – сепак над нашите глави ќе се случат многу настани.
Ова е краток календар на најголемите моменти во вселенските летови кои треба да ги следиме во 2016, од доаѓањето на капсулата на НАСА на Јупитер до нестрпливо очекуваниот прв лет на новата огромна ракета на Спејс икс.
17 јануари: лансирање на сателиот Јасон 3, сателиот за набљудување на Земјата
Во недела на 17 јануари, сателиот Јасон 3 на Националната администрација за океански и атмосферски истражувања (НОАА) беше лансиран во орбитата на Земјата преку ракетата Фалкон 9 на Спејс икс од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија.
Ако се оди според планот, мисијата на Јасон 3 – која е соработка помеѓу Моаа, Европската метереолошко-сателиска организација Еуметсат, француската вселенска агенција Цнес и НАСА – ќе прави прецизни мерења на варијациите на морското ниво на планетава. Мерењата на Јасон 3 ќе помогнат во значајните податоци за климатските промени кои се собираат повеќе од две децении, благодарение на набљудувањата на три други сателити, познати како Топекс/Посејдон, Јасон 1 и Остм/Јасон 2 (кои беа лансирани во 1992, 2001 и 2008 година), изјавија официјални претставници од НАСА.
Спејс икс исто ќе се обиде да ја приземји првата фаза од ракетата Фалкон 9, на бесчовечки брод во близина на брегот на Калифорнија за време на лансирањето во недела – што е дел од обидите на компанијата да развие комплетни и брзи ракети за повторно користење, за кои од компанијата велат дека драматично ќе ги намалат трошоците за вселенските летови.
Спејс икс веќе успешно ја врати фалкон 9 на Земјата. На 21 декември за време на ланисрањето на сателит за Орбкомм, првата фаза на ракетата меко се приземји во воената воздухопловна база Кејп Каневерал на Флорида – што е прво вакво постигнување за време на лансирање во орбитата.
Од Спејс икс не планираат да ги искористат моторите на Фалкон 9 кои се приземјиа на Земјата на 21 декември, но основачот на компанијата и извршен директор Илон Маск, рече дека се надева дека ќе го сторат тоа со друга приземјени фази од ракета веќе следната година – па тоа ќе биде следниот значаен настан кој ќе треба да го следиме во 2016 година.
7 февруари: Враќањето на Спејс икс во мисиите за пренос на карго товари
Спејс икс има договор со Наса вреден 1,6 милијарди долари да изврши барем 12 роботски мисии за повторно снабдување за Меѓународната вселенска станица (ИСС) со помош на Фалкон 9 и бесчовечката капсула Драгон, која е сопственост на компанијата. Првите шест летови минаа совршено, но седмиот заврши неколку минути по лансирањето на 28 јуни 2015, кога Фалкон 9 се распадна на небото на Флорида.
Сега Спејс икс ќе ја полета својата прва карго мисија за ИСС по овој инцидент – за кои од компанијата велат дека го предизвикала лошата челична конструкција во првата фаза од ракетата Фалкон 9 – на 7 февруари, ако остане според планираниот датум. Спејс икс направија подобрување на ракетата во внатрешноста, модифицирајќи го системот за делење на фазите и електрониката, помеѓу останатите направени подобрувања, рече Маск (Повторно оживеаниот Фалкон 9 веќе успешно полета за време на лансирањето за Орбкомм на 21 декември).
14 март: Лансирање на една од европските мисии ЕгзоМарс
Европската агенција за вселената (ЕСА) има термин за лансирање на првиот дел од мисијата ЕгзоМарс на 14 март, преку ракетата носач Трејс гас орбитер (ТГО) која ќе тргне на седум месечно патување кон Црвената планета, заедно со капсулата кој ќе носи техничка опрема.
ТГО ќе лета околу Марс и ќе бара извори на метан, кој тука на Земјата воглавно го произведуваат живи организми (иако гасот исто се создава преку абиотички процеси). Капсулата ќе собере различни податоци за време на спуштањето низ марсовата атмосфера и од површината, но главната цел на приземјувањето на капсулата е да се помогне во подготвувањето на патот за роверот ЕгзоМарс за потрага по живот, кој ќе биде лансиран во 2018 година.
ЕСА на мисијата ЕгзоМарс соработува со Руската федерална вселенска агенција, позната како Роскосмос.
18 март: Лансирање на ракета со астронаути за Меѓународната вселенска станица
Астронаутот Џефри Вилијамс на Наса и космонаутите Алексеј Овчинин и Олег Скрипочка се следните кои на 18 март ќе бидат лансирани кон ИСС. Триото ќе полета од космодромот Бајконур во Казахстан, на ракетата Руски сојуз.
Други ланисирања на екипажи за ИСС од Бајконур се закажани за 21 јуни, потоа на 23 септември и на 16 ноември.
Април: Прво лансирање на ракетата Хеви рокет на Спејск икс
Некаде во април, Спејск икс планира првпат да ја лансира огромната ракета Хеви рокет, а лансирањето ќе се случи од воздухопловната база Кејп Канаверал на Флорида. 68 метри долгата ракета од семејството Фалкон ќе го има најсилниот мотор на светот кога е во функција, кој ќе може да подигне 53 метрички тони товар во ниската орбита на Земјата, велат претставници од Спејск икс.
Илон Маск ја основа Спејс икс во 2002, воглавно за да му помогне на човештвото да го колонизира Марс. Фалкон хеви е голем дел од тие планови.
Летото: Крај на мисијата Зора (Dawn) на НАСА?
Вселенското летало Зора на НАСА, лета околу планетата Церес уште од март 2015, проучувајќи ги мистериозните светла на прилично изрешетаната со кратери џуџе-планета, но и други интригантски нешта. Минатиот месец, Зора заврши со спиралното спуштање до конечната позиција во орбитата за испитувања, и сега прави фотографии и мерења од висина од само 375 километри.
Мисијата вредна 466 милиони долари е предвидено да заврши во јуни, кога Зора ќе остане без горивото хидразин за контролирање на стабилизаторите за висина. Но членовите на мисијата рекоа дека можеби ќе изцедат уште малку живот во Зора, па не е сосема јасно кога неговата функционалност ќе заврши.
Зора исто орбитираше околу протопланетата Веста од јули 2011 до септември 2012 година; тоа беше првата капсула воопшто во историјата која кружеше околу две космички тела надвор од сиетемот Земја-месечина. (Церес и Веста се двата најголеми објекти во големиот метеорски појас помеѓу Марс и Јуптер).
4 јули: Јуно пристигнува на Јупитер
Вселенското летало Јуно на НАСА е предвидено да влезе во орбитата околу Јуптер на 4 јули, скоро пет години откако капуслата беше лансирана.
Јуно, кој е напојуван на соларна енергија, точно ќе ги мапира енергетските и гравитациските полиња на Јупитер, откривајќи клучни детали за еволуцијата и структурата на џиновската планета – вклучувајќи и тоа дали има цврсто средиште, велат службени лица од Наса.
3 септември: Лансирање на капсула која ќе собира примероци од астероид
Уште еден значаен всленски лет на НАСА ќе се случи на 3 септември, со закажаното почнување на мисијата Истражувач Реголит за потеклото на спектрална интерпретација и безбедност за идентификација на ресурси, или накратко Осирис-Рекс.
Леталото Осирис-Рекс ќе полета кон 500 метри широкиот астероид со име Бенну, и ако се оди според планираното, ќе пристигне на потенцијално опасниот космички камен во 2018 година. Осирис-Рекс ќе откине најмалку 60 грама материјал од Бенну и ќе ги врати примероците на Земјата до 2023 година.
Мисијата треба да им помогне на научниците да научат повеќе за потеклото и еволуцијата на сончевиот систем, и исто треба да разоткрие загатки како да се справиме со потенцијално опасни астероиди оддалечени од Земјата, рекоа официјални претставници на Наса.
30 септември: Завршува значајната мисија Розета за комети
Првата мисија во историјата за облетување и слетување на комета ќе заврши на 30 септември, кога леталото Розета на Еса спирлано ќе слета на површиуната на четири километри широката комета 67П/Чурјумов-Герасименко.
Мисијата Розета, која започна во март 2004, и пристигна на кометата 67П во август 2014 година. Потоа носачот Розета испрати капсула наречена Филае на површината на ледениот објект во ноември истата година. Орбитерот Розета ќе собере разни информации за време на своето бавно паѓање на 30 септември, што ќе придонесе за дополителни податоци за деталната слика за 67П кои научниците веќе ја составуваат.
Кон крајот на 2016: Влучување во функција на Европскиот сателитски систем за навигација
Европската верзија на американскиот Систем за глобално позиционирање (ГПС) треба да биде ставен во функција до крајот на годината, велат од Еса.
Уште честири вселенски летала за европската мрежа за сателитска навогација Галилео се заканажни за лансирање годинава, со што ќе му се овозможи на системот да почне со првите функции до крајот на 2016 година. Галилео, цивилна (за разлика од воената ГПС мрежа) на крајот ќе се состои од 30 сателити кои орбитираат околу Земјата – 24 летала во функција и уште шест резервни. До денес се ланисрани 12 Галилео сателити.
Преку целата година: Тестирање на идните вселенски летала со екипаж
Годинава, инженери и техничари ќе рпдолжат да развиваат и тестираат различни вселенски летала дизајнирани да му помогнат на човекот да истражува до крајните граници.
Подорбитните летала, како што се Спејсшип Ту на Вирџин галактик, ракетниот авион Линџ на Икскор ероспејс и системот Блу шепард на Блу ориџин ќе го започнат својот живот, како и орбиталните летала: вселенскиот авион Дрим чејстер на Сиера Невада, капсулата Драгон В2 на Спејс икс, и капсулата ЦСТ-100 Старлајнер на Боинг.
Всушност, Спејс икс и Боинг работат заедно на Драгон В2 (кој е напредна верзија на роботската карго капсула Драгон која е сопственост на компанијата) и Старлајнер подготвени да пренесуваат астронаути на Наса до и од ИСС почнувајќи од 2017; Драгон В2 за првпат ќе полета на тест без екипаж пред крајот на 2016 година. (Во септември 2014, вселенската агенција им додели на Спејс икс 2,6 милијарди, и на Боинг 2,4 милијарди долари, за да ги подготват двете капсули за полетување).
А НАСА ќе продолжи да работи на каспулата за екипаж Орион, која ќе им помогне на астронаутите од агенцијата да стигнат до одредишта длабоко во вселената како што се астероиди и, кочено, на Марс. (Од Спејск икс исто рекоа дека Драгон ќе може да патува до Марс, како и до разни други одредишта низ сончевиот систем).