Во Прага е откриен нов споменик во чест на студентот Јан Палах, кој со своето јавно самозапалување во 1969 година, стана симбол на отпорот против советската окупација на тогашна Чехословачка.
Палах се самозапали на 16 јануари 1969 година на прашкиот Вацлавски плоштад, речиси пет месеци по воената интервенција во Чехословачка на силите на Варшавскиот пакт, предводени од поранешниот Советски Сојуз, во август 1968 година, против либералните реформи во земјата познати како „Прашка пролет“.
Палах почина два дена по самозапалувањето,
Споменикот во чест на Палах се состои од два дела, од кој едниот му е посветен нему, а вториот дел на неговата мајка. Двата дела од споменикот се во форма на коцки со шпицеви на врвоите, кои симболизираат пламени јазици.
Споменикот, кој е поставен во близина на Факултетот за уметности на кој студирал Палах, е дело на американскиот архитект Џон Хејдук.
Инаку, на местото на кое се самозапали Палах веќе постои споменик во негова чест.