ЛДП: Пржинскиот договор не е мртов – избори најрано во јуни!?

Од:

„Либерално-демократската партија прва повика на одлагање на изборите поради несериозниот пристап на партиите на власт кон имплементацијата на Договорот од Пржино.

Договорот не е мртов, но она што може да се заклучи од моменталната ситуација во државата е дека неизбежно е одложување на изборите.

Затоа, ги повикуваме четирите партии, потписнички на договорот, што поскоро да седнат на преговарачката маса и да ги решат преостанатите отворени прашања, медиумите и изборниот процес.

Ниту една од четирите партии не смее да си дозволи да го минира Договорот од Пржино и да го доведе во прашање новиот термин, кога најрано би можеле да се одржат вонредните парламентарни избори, на почетокот на јуни годинава“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски