Нов пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе дванаесеттиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига.

Попладнево на гостувањето во Загреб, МЗТ Скопје А. загуби од кај Цибона со 68:62 во натпревар од 20.коло.

Американецот Флоренс со 18 постигнати поени беше творец на победата на загрепската екипа, додека кај МЗТ Скопје капитенот Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац со по 14 постигнати поени беа најефикасни.

Вечерва ќе се играат и натпреварите Крка – Партизан и Будуќност – Унион Олимпија, додека утре на програмата се средбите, Мега Лекс – Тајфун и Задар – Цедевита.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Црвена Звезда – Металац.

Во првиот натпревар од ова коло одигран вчера Сутјеска загуби од Игокеа со 72-83.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос