Продолжува кошаркарското првенство на Македонија

Од:

По три неделна пауза продолжуваат натпреварите во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Во Првата лига на програмата се средбите од 13.коло.

Од 18 часот во Струмица истоимената домашна екипа го пречекува составот на Кожув, додека час подоцна (19) во Куманово гостува Работнички.

Утре од 19 часот во Гевгелија ќе играат Бест – Фени Индустри.

Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со пампионот.

Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 7-5, Фени Индустри 6-6, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос