„Оставката на Никола Груевски е исполнување на неизбежното, Договорот од Пржино.
Оваа оставка влева надеж кај македонските граѓани за излез од кризата и ставање крај на ерата на ‘Груевизмот’.
Но, Република Македонија се’ уште е пред предизвикот за целосна имплементација на Договорот од Пржино, обезбедување на легитимни избори, како и решение за двете клучни точки, медиумите и изборниот процес.
За ЛДП, она што претстои е декомпонирање на овој систем и враќање на вербата на нашиот граѓанин во демократијата, во фер и слободни избори, без фалц лични карти и гласачки ливчиња.
Битката не завршува на денот на изборите. Напротив, тоа ќе биде почеток на нова етапа со градење на нов општествен и правен систем со шанса за еднакви можности за сите.
Власта, која го крадеше сопствениот народ, која ја уништи средната класа и ги избрка младите во странство, веќе нема да одлучува во Ваше име.
Македонија мора да продолжи по патот на ЕУ и НАТО, а не по ќорсокакот на фамилијата и криминалците, устоличени во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ЛДП.