Емил Димитриев нов премиер

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде нов премиер во Владата, кој ќе дојде на местото на Груeвски во преодниот период, потврдија од партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, премиерот од Владата во обраќање најави дека ќе поднесе оставка до Собранието, но која ќе биде условена и ќе важи на сто дена од изборите, кога и да се одржат.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлуката ја донел едногласно, преодната влада да ја води генералниот секретар на партијата, Емил Димитриев.

На вечерашната прес-конференција Илија Димовски кажа дека комитетот му дава целосна поддршка на претседателот на партијата Никола Груевски за постапките кои тој ги презема за одржување на изборите.

– Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен период и да се фокусираме на она што е приоритет на граѓаните. Во согласност со законите, премиерот на актуелната влада поднесува оставка 100 дена пред изборите, рече Димовски.

На прашањето што доколку се одложат изборите, Димовски одговори дека се надева дека кај СДСМ ќе надвладее разумот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски