(ВИДЕО) Груевски со условна оставка: Ова го правам поради сите вас

Од:

Премиерот Никола Груевски во директното обраќање од Владата ја најави својата оставка за која рече дека утре ќе му ја испрати на претседателот на македонското собрание. Според него, таа ќе биде ефективна на сто дена од изборите, со што остави простот за пролонгирање на изборниот датум и исполнување на сите точки од договорот.

Како и самите знаете и чувствувате земјата е предолго заглавена во политичка криза. Минатово лето четирите политички партии склучија договор да ја надминат кризата.

Ние направивме многу компромиси, ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата, рече Груевски и кажа дека прифатил кадровски предлози од СДСМ да бидат именувани во петте министерства.

-Се одбра специјален јавен обвинител, нашата обврска беше ипсолнета во целост, беше одбран составот на ДИК, нашата обврска беше целосно исполнета, изборниот закон беше променет согласно барањето на опозицијата, нашата обврска беше целосно исполнета. Изборите треба да се одржат на 24 април, сега треба да се исполни оваа обврска. За жал последните изјави на СДСМ го оспоруваат ова, и според тоа заложништво на државата. Договорот опфаќа и времено повлекување на премиерот, сто дена пред изборните. Јас стојам и зад тој дел од договорот, сакам конечно да се остави сета незивесност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да се развива.

Утре изутрина ќе го испратам моето писмо со оставка на претседателот на Влада кое ќе биде ефективно на сто дена од датата на избори.

Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому, огромна ќе биде победата со вас и на следните избори. Мојата партија и јас лично се држиме до овој договор затоа што веруваме во вас, ваше е правото кој ќе ја води оваа држава, вие народот на Македонија. Ова го правам за вас, зашто верувам во вас, вашата одлука и проценка, рече досегашниот премиер Никола Груевски во обраќањето од Владата.

Депонираната оставка е важен чин поради вербата во народот, рече во своето Груевски.

„Ќе бидам на терен со вас, заеднички ќе обзнаниме нова ера и визија. Јас верувам во вас и верувам во Македонија. Одиме напред, се до денот на избори кога ќе обзнаниме дека Македонија успеа. Единствено ваше е правото да одлучувате кој ќе ја води Македонија. Никој не смее да ве потценува. На следните избори нема да губам време на сплетките на опозицијата. Јас држам до дадениот збор. Мојата програма е за тебе, за твоето смејството, за твоите приходи и плати, за Македонија“, порача Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on