СДСМ: Македонски шуми удоволува на Груевски, плаќаат граѓаните

Од:

„Никола Груевски и неговите соработници ги создаваат долговите на јавните претпријатија.

УЈП призна дека растат долговите на јавните претпријатија по основ на неплатен данок.

Дури 3.500.000 евра должи на граѓаните и на државата само Ј.П. Македонски шуми.

Груевски бара од Македонски Шуми палми од половина милион евра.

Македонски шуми ги исполнува егзотичните желби на Груевски за палми, а ги остава граѓаните без огревно дрво.

Македонски шуми нема огревно дрво за граѓаните, но има огревно дрво за извоз во странство. Извезени се околу 30.000 метри кубни дрво!

Груевски и Ставрески дозволуваат на Македонски шуми да профитира од извоз на огревно дрво, да купува палми, а да не плаќа милионски суми данок.

Така граѓаните се принудени да плаќаат скапо огревно дрво од приватни добавувачи, да плаќаат за палмите на Груевски, а ќе ги плаќаат и даноците што се обврска на Македонски шуми.

Македонски шуми удоволува на Груевски и неговите соработници, а плаќаат граѓаните.

10 години Груевски и Ставрески не ги интересираат интересите на граѓаните, туку само тендери и нивните бизниси“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ