СДСМ: Дали граѓаните ги плаќаат лоби услугите на ВМРО-ДПМНЕ тешки 620 илјади долари?  

Од:

„Јавноста дозна дека ВМРО-ДПМНЕ има склучено два договори за ПР и лоби услуги со странски компании вредни над 103 илјади долари месечно.

За шест месеци тоа се над 620 илјади долари или близу 2.000 плати со просек од околу 350 евра!

Од каде им се на ВМРО-ДПМНЕ 620 илјади долари?

Особено по скандалот со имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вреден 11 милиони евра, што партијата го стекнала за само една година.
 
ВМРО-ДПМНЕ не само што се стекнала со 63 објекти низ државава во вредност од 11 милиони евра туку склучува и договори тешки повеќе од половина милион евра!
 
Додека фунцкионерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на криминален начин, македонските граѓани се посиромашни а високо образованите млади луѓе ја напуштаат Македонија.
 
Над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.
 
Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.
 
Десет години ВМРО-ДПМНЕ е на власт а не изгради ниту еден студентски дом во Македонија. Но, затоа изгради луксузна партиска зграда во центарот на Скопје вредна милиони евра.
 
Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони?
 
Дали странските лоби и ПР компании на ВМРО-ДПМНЕ се платени со пари на граѓаните?
 
Колку граѓаните на Македонија, кои немаат основна здравствена заштита и дишат загаден воздух, ги чини платената средба на Груевски во САД каде што му кажаа дека треба се вратат демократските принципи во Република Македонија?

Бадијала му се на Никола Груевски странски лоби и ПР компании. Груевски е прочитана книга којашто граѓаните едвај чекаат да ја затворат за никогаш повеќе да не се повтори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад