Џакарта Пост – Џакарта
Низ целата историја на човештвото границите предизвикувале немерливи крвопролевања, вековни непријателства и правни спорови кои траеле и со децении, па затоа привлекува внимание намерата на Белгија и Холандија за пријателска размена на земја.
Причина за оваа великодушност? „Затоа што е разумно“, објаснува Марсел Невен, градоначелник на белгискиот град Визе.
Иако Белгија ќе загуби парче земја со прекрасна природа на реката Мојзе, која ги дели двете земји, таа истовремено ќе се ослободи од правниот кошмар кој настана откако со искривувањето на реката едно парче земја со површина од од 15 фудбалски игралишта прерасна во полуостров кој е поврзан единствено со Холандија.
Со текот на годините, како што се тврди, на таа територија заваладеало беззаконие и таа се претворила во рај за наркодилерите и за сексуалните криминали.
Пред околу три години, луѓе кои даоѓале од таму, наишле на обезглавено тело. – Тие се јавиле кај холандските власти, кои им одговориле дека е тоа белгиска територија, вели Жан-Франсоа Дикезне, комесар во полицијата во округот Долен Мојзе.
Со други зборови, Холанѓаните не моѓеле да одат таму затоа што е тоа белгиска територија, а според белгиските полициски и судски органи достапот до таму бил „исклучително тежок“. Тие немаат право да влегуваат во Холанидја без специјални дозволи, а освен тоа на полуостровот нема ни соодветно место за пристап на чамци.
– Моравме да скокаме од чамецот на брегот, а за тоа треба да сте во форма, вели градоначалниокот Невен.
Но, наскоро нема да има повеќе потреба од газење по вода, бидејќи мирната размена на територија ќе стане факт.
– Одамна требаше да го направиме ова, рече Невен.
Подготвителната работа е завршена и парламентите на двете земји ќе можат да го усвојат договорот во текот на 2016 година или речиси два века по востанувањето на граничните линии во 1843 година, додаде Невен и сето тоа со насмевка на лицето,.
– Во суштина ова е многу ретко, но може да се случи, коментира адвокатот Малколм Шоу, експерт за меѓународни гранични спорови. Тој потсети како комплицираната историја ги оформила границите во областа близу до местото каде Белгија, Холандија и Германија се граничат, оставајќи енклави и чудно поставени граници.
Размени на територии се случуваат, но најчесто по остри кавги.
На индиско-бангладешката граница летово беше ставен крај на спор кој датира од независноста на Индија од поранешните британски колонијалисти во 1947 година и двете земји си разменија поеќе од 150 парцели.
На почетокот на декември се наметна потреба највисокиот Суд на ОН да се вмеша во решавање на спор меѓу две централноамерикански земји. Судот одлучи дека Никарагва ја нарушила територијалната целовитост на Коста Рика во старата битка за мало парче земја близу до карипскиот брег.
Белгискиот воен историчар Лик де Воз вели дека разликата е во пријателството меѓу Белгија и Холандија.
– Тоа е можно меѓу Белгија и Холандија, затоа што тие земји одржуваат многу врски низ вековите, а и по Втората светска војна територијата и нема толку големо значење, вели Де Воз.