Социјалната мрежа нема светла иднина, предупредуват дел од аналитичарите. Имено, најголем проблем е неможноста за наплаќање на големиот број мобилни корисници на мрежата, поради што се претпоставува дека таа ќе изгуби голем дел од вредноста.
Иако популарноста на Фејбук порасна многу брзо, со излегувањето на берзата се покажа дека вредноста е помала од очекуваната. Според аналитичарот Ерик Џексон, мрежата ќе исчезне до 2020-та.
Во емисија на каналот СНБС, тој објаснува дека за 2-8 години, Фејсбук ќе исчезне исто како и „Јаху„. Според него „Јаху“ навистина заработува и во неа работат 13 000 луѓе, но вредноста на компанијата сега изнесува само 10 проценти од истата во 2000-та, па изгледа како полека да исчезнува.
Оттука, нешто слично се очекува дека ќе се случи и со Фејбук, кој можеби ќе постои, но ќе има многу помалку корисници.
Она што Џексон посебно го нагласува е дека без оглед на тоа колку една компанија е успешна кај една генерација, тој успех тешко се пренесува кон следната генерација.