А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: 8 милијарди лаги на Никола Груевски

by А1он13/01/2016 - 17:2613/01/2016 - 17:42183
Share0

„За инвестиции не може да зборува човекот кој пред 10 години вети 8 милијарди евра инвестиции во Република Македонија што никогаш не се реализираа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Наместо 8 милијарди евра инвестиции 8 милијарди лаги на Никола Груевски.

Во реалноста, Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Според податоците на Народна банка само 8.5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во третиот квартал оваа година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Груевски дал државна помош во износи од XXXXXXXXX евра на странски компании коишто не инвестираа во Македонија. Пример за тоа е „Мадерсон груп.“

Оваа странска инвестиција не постои, а и биле дадени пари на граѓаните, субвенции од државата, во август 2011 година во износ којшто е означен како XXXXXXXXXXXX во документот – решение од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Додека неспособниот Никола Груевски предизборно се расфрла со лажни, виртуелни инвестиции и вработувања, Македонија се соочува со најголемиот егзодус на граѓаните, пред се младите.

Премиерот во заминување, Никола Груевски не може да зборува за вработувања освен ако не мисли на вработувањата на македонските граѓани во странство.

Лицето на Никола Груевски заслужува да биде испечатено на картите во еден правец што ги купуваат граѓаните од Македонија.

Поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија.

Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе.

Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.

Наместо отварање на нови фабрики, нови работни места, проекти, Груевски во изминатите 10 години единствено мислеше на матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески, парцели на Водно, провизии, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари…“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео