Претрчувајќи автопат во Бразил, една жена предизвикала сообраќајна несреќа во која загинале шест, а повредени биле седум луѓе.
На автопатот во близина на градот Рио Бонито, за да избегне да ја удри жената која претрчувала, дошло до судар меѓу автомобил и автобус.
По сударот, автобусот неколку метри го влечел автомобилот, а потоа и двете возила се запалиле.
Во автомобилот имало пет патници, од кои две деца. Сите загинале.
Покрај нив животот го загубила и жената која го претрчувала автопатот.
Пред оганот да го зафати автобусот, сите патници успеале да излезат надвор, но седум од нив се здобиле со тешки телесни повреди.