Јас сум здрава веќе три дена и ќа настап на Австралија Опен, изјави денеска руската тенисерка Марија Шарапова која до неодамна имаше повреда на раката и не се подготвуваше според планираното за учество на првиот годинашен Грен слем.
Шарапова додаде дека повредата е санирана и дека подготвена го дочекува првиот меч. Таа пред осум години го освои трофејот во Мелбурн.
Покрај 28-годишната руска тенисерка, организаторот се соочува со проблеми, бидејќи на повреди се пожалија Серена Вилијамс, Симона Халеп и Габрин Мугуруза.
На терените во Мелбурн во тек се квалификациите, а официјалниот почеток на турнирот е на 18 јануари.