Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги отфрли денешните обвинувања на дополнителниот заменик Љупчо Николвски за наводните злоуптреби со огревно дрво.
Како што посочува во реакцијата, одобрението за извоз на кое се повикува Николовски се однесува на опожарен црн бор, а обврска на ЈП Македонски шуми е да ја отстрани опожарената дрвна маса од теренот и повторно да го пошуми.
– И со денешната изјава за медиумите дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски покажа дека со извртување на вистинатата, еденствено работи за сопствениот политички маркетинг. Николовски и овој пат потврди дека нема никакви елементарни познавања за секторите во Министерството, наведува МЗШВ.
Министерството, како што додава, сака да ја информира јавноста дека одобрението за извоз се однесува за опожарени културо црн бор во 2012 година.
– Обврска на ЈП Македонски шуми е да ја отстрани опожарената дрвна маса од теренот и повторно да го пошуми. Оваа дрвна маса нема никаква калорична вредност и единствено може да се користи како примеса за производство на брикети. ЈП Македонски шуми спроведе законска постапка и тоа по пат на Јавно наддавање и извезе 3 .600 кубни метри во Грција поради тоа што нема интерес за купување од страна на домашни фирми, иформира МЗШВ.
Министерството за земјоделство, додава, и јавно ќе му одговори на дополнителниот заменик министер дека и овојпат залудно бара зделка на штета на граѓаните.